Тибол, кој не сака да се открие неговото презиме, падна на 15 метри во инцидент во ноќен клуб пред четири години и поради повредата на ‘рбетниот мозок, тој ги помина последните две години во болница не можејќи ниту да се помести.
Пробивот во технологијата на егзоскелетите значи дека Тибол е во состојба да ги контролира своите движења во костумот со своите мисли.
Тетраплегичарот можеше да ги премести сите четири екстремитети преку сигналите на мозокот снимени и толкувани од роботскиот костум. Тим француски истражувачи, вклучително и од Универзитетот во Гренобл, вградиле уред за снимање помеѓу мозокот и черепот на пациентот од двете страни на главата. Имплантите содржеле електроди кои собираат мозочни сигнали и ги пренесуваат до алгоритам што ги декодира.
Овие собрани сигнали биле преведени во неговите движења и биле испратени во егзоскелетниот костум, за да се движи. Да се балансира правилно, костумот бил прикачен за таванот.
Додека сѐ уште не може да се движи слободно, тоа е дефинитивно чекор во вистинската насока. Повеќе експериментирање и истражување би можеле да помогнат да се променат животите на оние со повреди на ‘рбетот.
За да може имплантатот да работи со мозокот, тој морал да го обучи уредот за да ги разбере неговите мисли. Ова доведе до 95 дена обука на алгоритмот, а потоа и на уште 45 дена работење на костумот.