Правилата и законите во Иран некогаш ја надминуваат границата за она што се смета за „нормално“. Овој млад човек сакал да си ја запроси девојката на романтичен начин во трговскиот центар во Арак, Техеран. Сѐ одело според планот и девојката го прифатила предлогот за брак.
Но, откако видеото станало вирално и се проширило на социјалните мрежи, дошло и до рацете на полицијата. Парот бил уапсен затоа што ги „навредил исламските обичаи“.
Според исламските закони што го уредуваат Иран, на мажите и жените им е забрането јавно да изразуваат љубов. Законот, исто така, забранува бакнување и танцување во јавност. Парот моментално е пуштен со кауција.