Ерик Ашер од Охајо, САД, се возел заедно со неговата свршеница, кога забележале маж и жена онесвестени до автомобил на паркинг.
Тие тргнале да им помогнат, но тогаш забележале дека всушност во автомобилот има бебе. Девојчето било препотено и плачело. Во тој период температурите биле над 30C.
Тие го извадиле бебето од автомобилот, му дале вода, а веднаш потоа пристигнала и брзата помош. Родителите биле пријавени во полиција, но излегле откако платиле кауција.
Ерик вели дека мајката на бебето му се јавила за да му се заблагодари затоа што ѝ го спасил бебето. Таа му раскажала дека таа и нејзиниот сопуг порано биле зависници од хероин и откако биле чисти 2 години тој ден земале преголема доза и се онесвестиле.
Парот добил многу пофалби од луѓето иако Ерик вели дека тоа била нивна должност. Бебето било одземено од родителите и дадено на нивните роднини, додека не се расветли случајот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!