„Здраво ние сме Александар и Марија, а ова е нашата пума Меси“. Како би изреагирале доколку вашите соседи ви го кажат ова?
Добро, не паничете вендаш веруваме дека оваа животно знае како да се однесува и дека сопствениците се одговорни луѓе. И приказната за ова необично семејство може многу да нè научи.
Светското првенство ФИФА се наближувало и сите 3 пуми кои биле родени во зоолошка градина во Саранск биле именувани по познати фудбалери. Кратко време подоцна, Меси бил продаден во зоолошка градина во Пенза, каде што ги запознал неговите идни родители Александар и Марија.
Нивната љубов на прв поглед била посилна од здравиот разум, логиката и сите грижи. Неколку дена подоцна, двојката побарала од сопственикот на зоолошката градина да им ја продаде пумата … и сопственикот се согласил. Меѓутоа, двојката била известена дека пумата често се разболувала и имала потреба од многу грижа и нега.
Но, тоа не влијаело на одлуката на “родителите”. Ниту фактот дека дел од просторот во нивниот стан морал да биде повторно изграден за да изгледа како куќа со скалила и дрво за качување. Новите сопственици му купиле многу играчки и го разгалиле.
Меси имал многу проблеми: хроничен циститис, рахитис и мускулна атрофија и ова биле само некои од проблемите со кои морале да се соочат Марија и Александар. Прошетките наутро и навечер не им помогнале за вршењето нужда, се додека не одлучиле тоа да го извршува во кадата.
На почетокот било тешко да се носи Меси на прошетка поради неговте болести, но со правилна исхрана и витамини почнал да шета. Сепак му бил потребен професионален тренинг, а по долго барање успеале да најдат тренер кој се нафатил да му помогне на Меси. Она што било необично бил фактот што Меси требал да тренира со кучиња.
Со тренинзите не само што се подобрило неговото физичко здравје, туку станал и поинтелигентен. Научил сам да отвора врати и прозорци и да седне кога ќе згреши нешто.
Меси сепак се однесува како мачка, тој сака да уништува кутии и сака да се игра со топчиња… но малку поголеми, како на пример лубеници и тикви. Најомилената играчка му е обично пластично шише.
Поради повеќекратните болести што ги имал како мал, тој е сѐ уште 1/3 помал во однос на другите пумпи. Но, Меси е во одлична форма и ова му овозможува да патува многу.