„…во добро и во зло додека смртта не нѐ раздели“. Сите сопружници ја даваат оваа заклетва, но не очекуваат дека во животот навистина ќе можат да дојдат до моментот кога ова ветување ќе треба да се исполни. Еден постар пар од Ирска докажа дека за вистинската љубов никогаш не е предоцна да научите нешто ново. Дури и ако имате 84 години.
Дес и Мона Монахан се брачен пар од Ирска, тие се заедно повеќе од 56 години. Дес има 84 години, а неговата сопруга е една година помлада и има 83 години.
За жал Мона скоро целосно го изгубила видот и морала да се потпре на сопругот за извршување на секојдневните обврски. Една од тие обврски бил и „утринскиот ритуал“ на нанесување шминка. Додека видот на Мона бил слаб Дес само и помагал да се нашминка така што и кажувал каде и колку шминка да нанесе, но откако целосно го изгубила видот повеќе и ова не било можно.
Освен тоа што повеќе не можела да гледа, рацете на Мона почнале да треперат и таа не можела да најде начин како да го извршува нејзиниот „утрински ритуал“. Мона често плачела поради нејзината беспомошност. Дес не можел да ја гледа таква неговата сопруга и затоа решил да научи како да ја шминка.
Еден ден, Дес отишол во локален трговски центар, каде што во одделот за козметика му кажал на професионалниот шминкар Рози О’Дрискол за тоа што се случило и зошто сака да научи како да шминка. Оваа приказна навистина ја трогнало Рози, и со задоволство се согласила да му помогне.
Цели 8 месеци Рози го подучувала Дес како правилно да ги користи четките, кои бои се соодветни и сл. Сега тој знае како да ги скрие недостатоците и да го потенцира достоинството на неговата сопруга.
Дес смета дека тој знае што најдобро ѝ прилега на неговата сопруга, а што не. При нанесување на шминката тој и Мона се придржуваат до едно правило: „Помалку значи повеќе“.
„Тој мисли дека сум убава таква, каква што сум“, вели Мона. Таа му е многу благодарна на сопругот, бидејќи поради него сѐ уште се чувствува убава.
Приказната на Дес и Мона стигнала до шминкерот на познатата Ким Кардашијан, Марио Дедивановиќ. Тој бил толку инспириран од приказната што ги поканил Дес, Мона и Рози на мастер курс во Лондон.
Примерот на Дес и мона докажува дека вистинската љубов може да се справи со какви било потешкотии. Впрочем, ако се имате еден со друг, секогаш можете да се потпрете на саканата личност.