30-годишната претприемачка Теа Торп ќе се венча со 36-годишниот бизнисмен Џек Логан-Бедингс следното лето, откако двајцата користеле веб страна за изневерување на партнерите.
Тие се запознале преку страна која била наменета за запознавање на луѓе кои се веќе во брак, но тврдат дека научиле од своите грешки и тие си веруваат еден на друг и веруваат дека ќе си останат верни.
Откако се запознале на IllicitEncounters.com Теа вели: „Да, и двајцата изневерувавме во минатото, но ова е нов почеток за нас двајцата. И двајцата претходно имавме многу либерален став кон моногамијата. Мислевме дека отворена врска е начинот да се најде среќа затоа што животот е премногу краток за да го поминете целиот живот со еден партнер. Но, сето тоа се смени кога го запознав Џек. Сакав да го поминам остатокот од животот со него и тоа значеше да се сруши вонбрачното излегување. Мене ми се допаѓа што ова не е обична љубовна приказна.“
„Да ми кажевте дека ќе ја запознаам жената од моите соништа на веб страна за изневерување никогаш немаше да ви поверувам. Но, по мојот прв состанок со Теа знаев дека не сакам да ја споделам со никој друг. Сакав и двајцата заедно да изградиме иднина како нормален маж и жена.“
Теа и Џек почнале афера пред една година, иако тогаш Теа била со долгогодишното момче, а Џек бил во брак со првата сопруга.
„И двајцата бевме во врски каде имавме дозвола да изневеруваме. Излегував со неколку мажи истовремено и посетував многу веб страници за запознавање. Имав неколку афери на овој начин и мислев дека живеам совршен живот – со многу секс, но стабилност да имам постојан партнер дома. Долго време се убедував дека тоа е она што навистина го сакав и дека уживав во најдоброто од двата света.“, вели Теа, која исто така додава дека нејзиниот став целосно се сменил кога го запознала Џек.
Теа и Џек ќе се венчаат веднаш штом Џек ќе ја заврши процедурата за развод од неговата прва сопруга.