Некои од црковните великодостојници во минатото правеле разни работи, почнувајќи од имањето вонбрачни деца со нивните љубовници, па до копањето гробови на нивните претходници, сѐ, само не и тоа што требало да прават и претставуваат – пример за понизни и милозливи следбеници на Исус како што се декларираат. Еве такви примери во рамката на католичката црква, најскандалозните папи на сите времиња.
Јулиј II, 1503-1513
Папата Јулиј II имал многу љубовници од коишто имал најмалку едно дете. Бил толку сексуално активен, што во 1511 година бил обвинет за недолични чинови. Јулиј II му наредил на Микеланџело рано да ја заврши Систинската капела. Микеланџело никогаш не стигнал да ја заврши гробницата на папата Јулиј Втори.
Павле III, 1534-1549
Оваа слика на папата Павле Трети го покажува заедно со неговите внуци. Тој ја злоупотребил својата позиција да ги награди своите четири деца, а еден од неговите синови го именувал за прв војвода на ПАрма. Двајца од неговите внуци ги направил кардинали, пред да почине во 1549 година.
Стефан VI, 896-897
Папата Стефан VI бил многу чуден човек, и историјата го помни како многу лош папа. Неговиот претходник Формоз, бил екскомунииран, но потоа бил рехабилитиран. Стефан не се согласил со тоа, па наредил да се испкопа мртвото тело на Формоз и организирал судење за него, за време на коешто врескал кон мртовецот. Судот го прогласил Формоз за виновен, и Стефан наредил да му се отсечат прстите од рацете, му ја соблекле свечената одежда и го облекле во крпи. И тоа му било малку, па по некое време пак наредил телото да се ископа и да се фрли во реката Тибар. Многу луѓе го сметале Стефан Шести за луд, од очигледни причини. До ден денешен, ниеден папа не го зел папата Формоз.
Александар VI, 1492-1503
Пред да стане папа, Александар Шести го носел името Родриго Борџија. Тој е еден од најозлогласените папи во историјата. Бил татко на најмалку пет деца, за коишто ја злоупотребил својата црковна положба за да обезбеди високи положби во општеството и за неговите деца и на тој начин да се здобие со контрола над Италија.
Павле II, 1464-1471
Папата Павле II бил син или внук на друг папа, на Евгениј IV, и на млада возраст станал кардинал. Како млад човек бил познат по својот сексуален апетит, кој никого не исклучувал. Како папа бил таинствен и параноичен. За време на своето владеење тој назначил неколку тајни кардинали и малку се интересирал за политика, туку повеќе се занимавал со организирање раскошни банкети и забави.
Лав Х, 1513-1521
Ако за време на папството на папата Лав Х сте извршиле и најголемо злосторство и најтежок грев, пак ќе сте можеле да си го купите своето место во рајот. За возврат на простувањето гревови, човекот си земал пари, се разбира. Наплаќал за простување гревови како кражба, инцест и убиство.
Сикст IV, 1471-1484
Кога папата Сикст IV би бил на служба денес, медиумите не би престанале да зборуваат за него. Сискт имал најмалку шест синови, од коишто еден зачнал со неговата сопствена сестра.
Бонифациј VIII, 1294-1303
Бонифациј VIII бил познат педофил и често се впуштал во сексуални односи со деца. Се зборува дека имал сексуални односи со мажена жена и нејзината ќерка во исто време.
Бенедикт IX, 1032-1048
Папата Бенедикт од друг свештеник бил наречен „демон од пеколот“. Се рашириле гласини за неговата висока сексуална активност за време на неговото папство, па така ја напуштил функцијата во 1045 година. Тој бил првиот папа кој го продал своето папство, кое го купил папата Грегориј VI. Бенедикт бил екскомунициран од црквата.
Јован XII, 955-964
Папата Јован XII имал само осумнаесет години кога станал лидер на црквата, и се однесувал како осумнаесетгодишник. Тој имал сексуални односи со многу жени, се коцкал, па дури спиел и со девојката на неговиот татко. Официјално, умрел ненадејно од срцев удар, но постојат и многу други теории за тоа како завршил неговиот живот. Според една од нив, бил убиен од љубоморен сопруг.