Еден мнооогу висок човек си купил папагал. Папагалот, се разбира, можел да зборува. И кога видел дека стопанот му е толку висок, почнал да го зафркава:
– Еј, црево! Црево! Наведни се бе, сите пајажини ги собра бе, црево! Да те е*ам и арматарута!
На човекот еден ден му пукнал филмот, му згазнал папагалот на достоинството. Се налутил, го фатил папагалот, го ставил во една кутија за чевли и почнал да го шутира низ станот! Искршил огледала, мебел, пердуви на сите страни… Конечно, се уморил од шутирање на кутијата, и се оптегнал на фотелјата задоволно да одмори.
Папагалот ја подал главата од кутијата и рекол:
– Леле каков земјотрес имашеее! Само јас и цревото опстанавме!