Дворскиот астролог оди кај кралот и му вели:
– Ваше Височество, ѕвездите кажуваат дека кралицата утре ќе умре!
Кралот многу се изнервирал затоа што овој така му рекол и наредил да го затворат. Но, наредното утро кралицата навистина умрела. Кралот бесен и полн со злоба наредил да му го донесат астрологот. Му го ставил мечот на грлото и му рекол:
– Ајде сега кажи што рекоа ѕвездите за твојата смрт!
Астрологот:
– Не го знам точно датумот, Ваше Височество, но ми рекоа дека ќе умрам 3 дена пред кралот.

Сподели на Facebook
пати видено