Своето богатство го стекнал продавајќи порно, но денес бизнисменот милионер Дејвид Саливан ги врти милионите преку својот бизнис со недвижнини. А скапоцениот камен во круната на неговите градби е неговата палата вредна 8,7 милиони евра којашто ја изградил во Есекс пред 20 години. Велшанецот ги одгледал своите два сина во огромната куќа која ја дели со нивната мајка и негова долгогодишна девојка Ема и со години ја дотерувал секоја соба во куќата за да го отсликува неговото богатство и вкус.
Сега дозволил камерите да влезат низ неговата скапа врата да го снимат раскошот во кој живее неговото семејство. Презентерите Имон Холмс и Рут Лангсфорд добиле возможност за тура низ имотот за нивната емисија на Канал 5 „Како живее другата половина“, и се восхитиле кога дознале дека во палатата има и куглана, како и надворешен и внатрешен базен и тениско игралиште. Палатата има 14 спални соби и трпезарија за 24 луѓе.
Во ходникот има огромен лустер за кој Дејвид вели дека само за него потрошил цело богатство. Вели дека порнографијата ја оставил далеку зад себе и сега е косопственик на фудбалскиот клуб Вест Хам, и е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија.