21-годишниот Моксим Акрам, ја претепал со чекан својата 20-годишна сопруга Мариам Хусаин од Велика Британија, затоа што заборавила да му зготви вечера. Акрам нема да биде депортиран и покрај се што се случило ќе остане на живее во Британија.
Мажот се вратил дома пијан и започнал да ја тепа својата жена, првин со еден а потоа и со два чекана, додека таа молела за милост. Мириам успеала некако да избега од насилникот и побарала помош од соседките од првиот кат. Кога полицијата дошла да го приведе Акрам, тој веќе пополник извештај за исчезнати лица, велејки дека неговата сопруга исчезнала. За време на целиот инцидент во станот се наоѓало и нивното 4-месечно бебе.
Мириам се запознала со Акрам преку Фејсбук и тој се оженил со неа за да добие виза. Жената била затвореник во својот дом, не смеела да излегува, а единствена врска со надворешниот свет и бил таблетот. Акрам ќе лежи затворска казна од 15 месеци за нанесување на тешки телесни повреди, но судијата одбил да го депортира. Тој исто така добил и забрана за приближување.
Мириам и нејзиниот адвокат се залагаат за тоа Акрам да биде депортиран, затоа што тој минатата година заминал во Пакистан и повторно се вратил во Британија, а тоа не е дозволено за барател на азил.
Моксим првично заминал од Пакистан затоа што неговиот брат, шизофреничар, ја запалил семејната куќа и целото семејство останало без кров над главата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!