Пакистанец кој е татко на триесет и пет деца е во потрага по четврта жена бидејќи сака да ја исполни својата животна цел – сто деца. Четириесет и шестгодишниот Сардар Јан Мухамед Килџиод од Квета, Балохистан, вели дека е негова религиозна должност да има што е можно повеќе деца.  Тој тврди дека неговите три сопруги ја поддржуваат неговата одлуга да донесе четврта жена во нивниот брак – но мора нему да му верувате на збор, бидејќи тој не им дозволува самите да си го кажат мислењето за таа работа. Гордо покажувајќи ги своите најнови рожби – две девојчиња, родени со разлика од само една недела, тој инсистира дека „многу ретко“ ги помешува имињата на неговите деца.

Исламот на Пакистанците им дозволува да имаат до четири жени, но за тоа мораат да побараат одобрение од нивната прва жена, како и од судскиот совет.

pk01 pk02 pk03 pk04

Сподели на Facebook
пати видено