На четиригодишно девојче кое имало дванаесет канцерогени тумори и давале само уште неколку недели живот – но лекарите се запрепастиле кога тие едноставно исчезнале. На Пипа Кол од Престон првпат ѝ нашле тумор во мозокот кога имала само една година.

Дополнителните снимања во текот на следните три години откриле дека имал ауште седум тумори во мозокот и една група тумори во `рбетот. Докторите им кажале на нејзините родители, 37-годишниот Скот и 35-годишната Шел, дека не можат да сторат ништо повеќе во нејзината борба со ракот, и дека ѝ преостануваат само уште неколку недели.

dv01

Родителите се потрудиле последните недели од животот на нивната ќерка да ги направат колку што е можно посреќни. Но, осум месеци по дијагнозата, Пипа повторно ја снимале за да проверат каква е состојбата. Докторите биле вчудоневидени кога откриле дека туморите целосно исчезнале.

dv02

Експертите веруваат дека неуспешната радиотерапија на која Пипа била подложена во декември 2015 имала задоцнета реакција. Но, не можат со сигурност да кажат зошто и како ракот наеднаш исчезнал. Г-ѓа Кол ја напуштила својата работа како учителка во основно училиште за целото свое време да може да го посвети во грижа за нејзината ќерка. „Да ми се каже дека Пипа е смртно болна и дека ѝ остануваат само неколку недели ми го скрши срцето, тоа беа најлошите можни вести. По сите операции и хемотерапија, се чинеше неверојатно нефер да ја загубиме. Секој миг со неа оттогаш за нас беше скапоцен. Сакавме последните месеци да ѝ ги направиме најсреќни во нејзиниот живот. Таа отсекогаш нѐ тераше да направиме свадба за таа да може да биде девојчето со цвеќето и ние сакавме да ѝ ја овозможиме таа среќа. Нашата свадба беше повеќе за Пипа отколку за нас, но не би ја менувале за ништо на светот.

Посетата на Дизниленд во Париз и Светот на Волт Дизни оваа година беа волшебни за Пипа. Таа беше пресреќна да го види Мики Маус и пријателите, нејзиното лице цело време блескаше од насмевки.“

dv03 dv04

Во февруари 2016 докторите биле импресионирани од фактот дека туморите не пораснале уште повеќе. Но, веќе во август, скенирањата покажале дека тие целосно исчезнале.

„Во јули се чувствувавме толку среќни што таа ги надживеа очекувањата на докторите, а скеновите од 2016 беа стабилни. Ништо не можеше да нѐ подготви за веста дека сите канцерогени тумори на Пипа исчезнале. Сѐ уште сме на седмо небо“, велат пресреќните родители.

dv06

Сподели на Facebook
пати видено