Човек кој бил подложен на операција за вадење на крајниците наводно почувствувал и слушнал сѐ што се случувало поради расеаниот анестетичар кон не успеал да ја вклучи машината и да му даде општа анестезија. Триесет и четиригодишниот човек бил буден за време на дел од оперативниот зафат во приватната болница Делмар во Сиднеј, Австралија, но не можел да се придвижи ниту на било кој друг начин да ги предупреди хирурзите.
Медицинскиот персонал кој ја изведувал операцијата забележал дека нешто не е во ред кога виделе дека се грчи и кога забележале дека му се крева крвниот притисок.
По операцијата тој потврдил дека бил буден за време на процедурата, но не можел да комуницира како последица на невромускуларниот блокатор којшто му бил даден. Подоцна поднел жалба до медицинскиот совет на Нов Јужен Велс кој покренал истрага за инцидентот.
По истрагата се утврдило дека анестетичарот д-р Биинг-Лин Јин не успеал да ја вклучи машината со која требало да му даде општа анестезија на пациентот.
„Пациентот бил буден за време на поголемиот дел од процедурата, што не само што му предизвикало значителна непријатност, туку и емоционел и психолошки стрес“, стои во извештајот.
Д-р Јин признал дека вршел повеќе работи одеднаш за време на операцијата, работел на медицинскиот картон на пациентот, пишувал белешки, а еднаш си го проверил и мобилниот телефон. Во извештајот стои дека изразил жалење поради инцидентот и признал дека се однесувал непрофесионално. Комитетот за професионални стандарди пресудил дека неуспехот на д-р Јин да му пружи соодветна грижа на пациентот е многу сериозна, и поради неговото непрофесионално однесување му наредиле да следи курс за безбедност во анестезијата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!