Предизборната кампања за претседателските избори во САД се вжештува. Републиканскиот кандидат за претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, за време на неговиот митинг во јужна Флорида изјави дека всушност Барак Обама и Хилари Клинтон ја основале терористичката армија на ИСИС. Неговото запрепастувачко тврдење беше искажано на крајот на преразгледувањето на условите кои довеле до тоа регионалната милитантна група Ал Каеда во Ирак да ги зголеми своите амбиции – и го обвини актуелниот американски претседател дека создал вакуум на моќ кој терористите побрзале да го пополнат.
„Од многу аспекти, знаете, тие го чествуваат претседателот Обама“, вели Трамп. „Па тој е основачот на ИСИС. Тој е основачот на ИСИС, океј? Тој е основачот. Тој ја основа ИСИС!“ извикува тој.
„И би рекол“ додава тој посмирено, „коосновчот би била расипаната Хилари Клинтон. Коосновач. Расипаната Хилари Клинтон! Ете за што се работи!“
Трамп и пред тоа изјави дека Обама намерно предвреме ги повлекол американските сили од Ирак, за на ИСИС да ѝ даде можност да дише и да се рашири. Но, сега за првпат дирекнто ја обвини сегашната администрација во Белата Куќа дека имале удел во создавањето на Исламска Држава.