Секоја година во ноември, повеќе од половина милион средношколци низ Јужна Кореја го решаваат испитот кој може да го промени нивниот живот- озлогласениот Suneung или CSAT (College Scholastic Ability Test).
Тоа е исцрпувачка осумчасовна сесија на испити каде што учениците ги тестираат: Корејски, англиски, математика, социјални студии, историја и науки. Тоа е единствениот најважен тест кој секој корејски студент мора да го реши во својот живот.
Резултатите од испитот ќе одлучат на кој универзитет ќе одат, каква ќе им биде работата, колку ќе заработуваат, каде ќе живеат, а има врска и со нивниот брачен статуст. Овој испит е толку важен што властите преземаат посебни мерки за да им го олеснат колку што е можно, денот на учениците. За тој ден, испитот станува приоритет на целата нација.
На денот на испитот, работата започнува еден час подоцна, така што времето на сообраќајниот метеж е одложено и патиштата се исчистени за учениците на патот кон испитот. Понекогаш полицајците ги придружуваат учениците во испитни центри.
Продавниците, банките, па дури и берзата се отвораат подоцна. Авионите не полетуваат за време на делот од тестот каде што има слушање, така што студентите кои го прават испитот во близина на аеродромот не се вознемируваат од авиони што полетуваат и слетуваат. Целата земја е во застој.
Толпата на луѓе, често помлади соученици, наставници и пријатели ги испраќаат учениците по улиците до местото каде се извршува испитот, нудејќи им чоколади за среќа. Нервозните родители се собираат во храмови и цркви, држејќи ги фотографиите на своите деца и молејќи се за нивниот успех.
Притисокот да се постигнат добри резултати на овој испит е огромен и создава застрашувачка количина на стрес и депресија кај учениците. Самоубиствата исто така не се нешто непознато. Бидејќи има само неколку престижни универзитети во земјата, конкуренцијата е голема.
„Чувствувам дека Корејците имаат болест. ‘Зафатената’ болест. Учениците се зафатени со учење цело време. Тие немаат живот надвор од училиштето. Училиштата станаа затвор. Мислам дека ова е главна карактеристика да се биде Кореец. Истото важи и за возрасните кои работат.“, вели средношколката Ханг Јае Кјунг.