Ожалостена мајка верува дека ја видела душата на нејзината почината ќерка која се гледа во бел фустан на Снапчат селфито на нејзиниот син. 44-годишната Патриша Винчестер се запрепастила кога ја видела сенишната фигура како се надвиснува над рамото на нејзиниот син Хантер Баундс на фотографијата која тој ѝ ја пратил на своја пријателка на популарната интернет апликација.

dh01 dh02

Тинејџерот не ја забележал чудната бела фигура во заднината на неговата снимка, сѐ додека пријателката не му ја вратила со црвен круг околу сенишниот облик, прашувајќи го што е тоа зад него.

dh03

Мајката од Тексас, САД, верува дека тоа што било снимено со камерата е духот на нејзината ќерка Адријана, која во 2006 година починала на петгодишна возраст кога ја удрил камион за време на парада.

„Имам слика со Адријана на која таа носи бел фустан. Токму на тоа ме потсетува фигурата на сликата. Мислам дека секогаш го имав тоа чувство дека Адријана ќе ни се покаже на некој начин. Луѓето на социјалните медиуми велат дека фигурата личи како да го заштитува син ми. Чувствувам како Адријана да е со него. Дел од мене сѐ уште ја чувствува тука. Мислам дека таа е многу силен дух. Тоа е еден вид утеха.“

dh04

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено