Дали некогаш сте се играле Шерлок? Во секојдневниот живот, ова се прави многу ретко, само доколку не ви го снема омилениот шал или некој ви ја земал омилената чаша на работа. Но, понекогаш ние едноставно сакаме да провериме на што е способен нашиот мозок.
Овој тест ќе ви помогне во тоа.
1. Да почнеме со едноставно загревање. Погледнете ја сликата.
Двајца ловокрадци ловеле елен. Тој брзо исчезнал од пред нивните очи. Тие го бркале, но еленот им избегал. Сепак, тој се крил во близина. Можете ли да го најдете?
2. Малку потешко. Средба на улица.
Две пријателки случајно се сретнале на улица.
– „Здраво Ана каде одиш?“
– „Одам во 23-тата куќа“, одговорила Ана. „А ти Ивана каде си тргнала?“
– „Јас ќе одам кај мојата пријателка Јана, таа живее на број 7.“, одговорила Ивана.
Сега кажете ни:
- Која од нив е Ана, а која Ивана?
- Каде оди девојката со пократка коса?
3. Која е сопственичката на мачката?
На слика има 3, девојки: Алена, Маша и Ирина. Сите девојки многу сакаат мачки, но која од нив е нејзина сопственичка?
4. Деца во поход.
На патот има 5 деца. Едно од нив се вика Мишо и тој стои на крај. Ако Весна ди веднаш до Јован, тогаш Ѓорѓи ќе биде во близина на својот имењак. Прашање: Кое дете каде стои на сликата?
5. Стари жени со кофи за вода.
Две старици тргнале кон реката за да ги наполнат кофите со вода за наводнување. Која од нив ќе ја полие својата градина со повеќе вода?
За да не ја расипеме забавата и дискусијата околу точните одговори, решенијата ќе ги објавивме утре (недела) точно во 12 часот. Доколку ја инсталирате Андроид апликацијата на Мотика, можете да ги видите веднаш.