Ден Тејлор е татко на две деца, кој пред неколку години се одлучил да се подложи на опасна операција. Двајца братучеди на Ден починале еден по друг бидејќи биле носители на редок, наследен ген кој ги направил подложни на рак на желудникот.
Ендоскопија и биопсии кои ги спровел Ден во текот на истата година покажале дека тој нема рак. Сепак човекот одлучил да донесе тешка и опасна одлука.
Г-дин Тејлор се решил да го отстрани стомакот како мерка на претпазливост, бидејќи тестовите покажале дека и тој го носи истиот ген. Тогаш имал 28 години и неговата сопруга била во 7-ми месец во бременоста со нивната втора ќерка.
„Во тоа време мојата ќерка Абигејл имаше три, а мојата сопруга беше бремена со нашата втора ќерка – не можев да ја поднесам помислата дека не ги гледам дека растат, или да ја остават Ана да се грижи за нив сама. Значи за мене вредеа сите проблеми кои ќе ги имав подоцна поради тоа. Тешко е да им кажете на луѓето дали е правилно или погрешно да го направите она што го направив, за мене тоа беше вистинската одлука, но татко ми кој ја има истата генетска состојба како мене има 94 години и беше еден од среќните кои никогаш не развија рак.“, вели Ден.
Ден претрпел исцрпувачки пет и пол часа на операција во јуни 2012 година. „Во основа, целиот мој стомак беше отстранет, и со едноставни термини дното на мојот хранопровод беше прикачен на врвот на моето црево“, објаснува тој.
Се покажало дека Дан направил апсолутно правилна одлука со тоа што ја поминал оваа операција на претпазливост. Откако бил испитан неговиот отстранет стомак, било откриено дека ги има првите фази на рак на желудникот. За среќа, не се проширил на други делови од неговото тело.
Тој отсекогаш сакал да трча и веќе трчал на неколку маратони. Тој сега ќе трча на „Трката до кралот“. Ултра-маратон од 100 километри, кој Ден планира да го помине за 12 часа и да собере средства за хуманитарна организација.