Овој татко ги освои срцата на луѓето низ светот откако бил фотографиран на лет до Детроид, на Бадник. Кога го прашале зошто патува токму на Бадник, тој им ја открил вистинската причина на останатите патници.
Таткото само сакал да биде заедно со својата ќерка, која работа како стјуардеса во компанијата Делта. Но, тој не се задоволил со само еден лет.
Хал Воган, резервирал повеќе летови, вкупно 6, за да неговата ќерка Пирс, која морала да работи за време на празниците, да биде и со своето семејство за Божиќ. Овој гест бил споделен од еден од патниците, Мајк Веви од Охајо, кој често патува со компанијата.
„Хал одлучил дека ќе го помине празникот со неа. Значи, тој лета на секој од нејзините летови денес и утре за да го помине своетовреме со својата ќерка за Божиќ. Каков фантастичен татко! Ви посакувам и на двајцата среќен Божиќ!“, пишува Мајк.
Пирс подоцна споделила фотографија со нејзиниот татко и мајка, заблагодарувајќи им се на сите вработени на аеродромите и на нејзиниот екипаж, а исто така му се заблагодарила и на Мајк, за љубезноста и добрината.