Да се биде таксист во Њујорк може да доведе до многу интересни случки. Некои од нив вообичаено не се за раскажување пред воспитано друштво и мали деца, но оваа е безбедна за сите. И е навистина неверојатна.

Додека возел низ Парк авенијата кон крајот од неговата смена, решил да собере патник, и покрај тоа што неговата дестинација завршувала многу подалеку отколку што тој сакал да вози на крајот од смената. „Бидејќи еј“ изјавил подоцна за Humans of New York, „јас имам совест“. Како што возел, таксистот почнал да увидува дека гласот од задното седиште му е многу познат.

На следните семафори, возачот ја искористил можноста да се сврти и извикал „ВИЛСООООН!“ Неговиот патник бил никој друг туку лично актерот од Cast Away. Меѓу другото познат и како најљубезниот човек на светот, Хенкс силно се насмеал, и сето тоа го примил во неговиот препознатлив пријателски стил.

hensk1

Хенкс не само што се согласил да позира за селфи со човекот, туку го поканил и да ја гледа неговата претстава. Дури и го поканил зад сцената. Таксистот сега е познат како „Г-н Ферари“ прекар кој му го дал Хенкс забележувајќи ја неговата капа Ферари.

Виралната слава не го удрила в глава г-н Ферари. Говорејќи со Humans of New York кажал, „А знаете ли што е најлудото нешто? Неговата претстава беше наречена „Среќник“. Колку е тоа откачено! Бидејќи тоа сум јас – среќник!“

henks

Сподели на Facebook
пати видено