Харисон Дуран е студент по биологија на Универзитетот во Калифорнија и тој направи неверојатно откритие во пустинските предели на Северна Дакота.
Харисон тргнал на двонеделно ископување придружуван од Мајкл Кјеланд, кој е искусен археолог и професор на Државниот универзитет во Мајвил во Северна Дакота и веќе ја знаел историјата на областа.
Северна Дакота се смета за богатство кога станува збор за откривање на фосили и е дел од фондацијата Hell Creek. Фосилите во оваа област датираат од доцниот период на креда, кој бил пред 65 милиони и 60 милиони години, откако првично била откриена од палеонтологот Барнум Браун.
Карпестите формации каде што се наоѓаат овие фосили, се протегаат низ четири различни држави, вклучувајќи ги Монтана, Северна Дакота, Јужна Дакота и Вајоминг. Харисон и Мајкл претходно станале пријатели кога ги поврзала страста за диносаурусите на конференција.
Харисон всушност пронашол череп од Трицератопс, стар 65 милиони години. Околу черепит пронашле и фосилизирано дрво и лисја така што ќе имаат подобра претстава и за околината.
„Не можам да ја раскажам мојата возбуда во моментот кога го пронајдов черепот. Опседнат сум со диносауруси уште како дете, па ова беше прилично голема работа за мене.“, вели Харисон.