Оксана Зотова се соочила го огромни критики и закани отккао била крунисана како „Мис сексуалност“ на натпреварот во Магнитогорск, Русија. Сепак нејзиниот сопруг, Сергеј Зотов, ја добил најголемата клоца, во буквална смисла на зборот.

Тој служел како поп во православната црква во Магнитогорск и откако веста за титулата на неговата сопруга се проширила бил избркан од црквата и му било забрането да влегува.

Тој сепак не бил отпуштен туку го префлиле во мала црква во запустено село, над 70 километри оддалечено од градот. На 31-годишниот свештеник му било кажано дека нема начин да се врати поради „скандалот“, освен ако неговата 32-годишна сопруга – терапевт за убавина со свој салон не „се покае“.

Прогонетиот свештеник рекол дека неговата сопруга „ги разбира своите грешки и знае што направила“, но сепак не се покајала и наместо тоа ја критикувала црквата.

Оксана вели дека сите луѓе ги замислуваат жените на поповите како „сиви и депресивни“ и дека нема да дозволи некој да го уништува нејзинот „ведар дух“ бидејќи не направила ништо погрешно.

Сергеј вели дека неговата сопруга постојано добива закани и навреди и дека планираат сите да ги пријават во полицијата.

Од локалната црква велат дека нема да му дозволат на Сергеј да си го врати работното место бидејќи „доколку не може да ја доведе во ред сопругата, како ќе воведе ред во црквата“.

Сподели на Facebook
пати видено