Брендон и Тарин Хант отишле да уживаат во викендот во плантажата Миртлс во Луизијана. Но, кога пристигнале, тие биле пречекани од преплашен гостин кој, тврдел дека фотографирал лош дух. Тие не му поверувале и решиле сами да си спроведат истрага.
На видеото кои го снимиле тие тврдат дека можат да се видат три пара на нозе, на духови кои се симнуваат по скалите и одат кон главниот ходник, пред да исчезнат. Два од нив изгледаат како да имаат бели чорапи и црни чевли. Еден од „духовите“ паузира како да гледа директно во камерата, пред да ги сврти нозете и да си замине.
Но, 47-годишниот Брендон тврди дека ниту тој ниту 38-годишната Тарин не ги забележале духовите додека го снимале видеото, туку тоа се случило наредниот ден додека ги прегледувале снимките. Поради белите чорапи и црните чевли, тие сметаат дека станува збор за духови на деца.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.