Овој млад пар од Нотингем, Велика Британија, решил да ги направи работите на свој начин. Бидејќи и двајцата сакаат да патуваат а нивните работни места вклучуваат патување одлучиле дека им е потребен дом кој ќе „патува“ со нив. Мартин по неколку пива дошол до идеја да купи камион. Со неговата идеја се согласила и сопругата Иона и заедно го започнале проектот.
Иона и Мартин на eBay нашле камион, кој претходно бил користен за испорака на леб, за само 3.600 фунти (околу 4.670 долари). Меѓутоа, за целосно комплетирање на реновирањето и претворање на камионот за испорака во живеалиште, пријатен дом, не била лесна задача. Додека Мартин го завршувал најголемиот дел од физичката работа, Иона се погрижила за дизајнот на ентериерот. Двојката работела на проектот со полно работно време и потребни биле четири месеци за да се заврши. Сега, уживаат во нивната прекрасна куќа на тркала и планински погледи во Франција.
Погледнете како изгледал процесот на трансформирање на овој обичен камион во дом.