Без разлика дали ова е извишен пример за човечкиот напредок или финансиска измама на олигарси богати со нафта, се почнува со изградба на следната највисока градба во светот, Кралката кула во Џеда, Саудиска Арабија. Извишувајќи се на вртоглави 1008 метри, Кралската кула ќе биде највисоката структура во светот, 173 метри повисока од моменталната највиоска зграда во светот, Бурџ Халива во Дубаи, Арапските емирати.

Кралската кула првично била замислена да биде висока 1.6 километри, но геологијата на областа се покажала како несоодветна за таа височина.

k01

Кралската кула се проценува да чини 1.23 милијарда долари. Ќе биде централната градба во првата фаза на изградбата на нов град наречен Кралски град, сместен на брегот на Црвеното море.

k02

Во Кралската кула ќе бидат сместени хотел на Четири сезони, апартмани, канцелариски простор и луксузни станови. Исто така на неа ќе биде поставена и највисоката опсерваторија на светот. Официјално не е познат точниот број на катови, но се зборува дека Кралската кула ќе има 200 ката.

k03

Триесет-метарскиот балкон првично се планирало да биде хелиодром, но се испоставило дека ветровите ќе претставуваат голем проблем за пилотите.

k04

Кулата има 59 лифтови и 12 ескалатори, а пет од овие лифтови ќе бидат двокатни. Лифтовите нема да ја достигнуваат брзината на нормалните лифтови, бидејќи промената на воздушниот притисок на тие височини ќе предизвикува лошење.

k05

Триаголниот облик е дизајнирар така што да го редуцира притисокот од воздушните струи.

k06

Масивната структура ќе содржи 80.000 тони челик. Дел од јадрото на зградата ќе содржи бетон дебел неколку метри.

k07

Дизајнот на кулата главно е дело на архтектот Ејдриен Смит од архитектонското струдио Ејдриен Смит+Гордон Џил, кое стои зад изградбата на Бурџ Калифа.

k08

Кулата е замислена како симбол на растежот и иднината на Саудиска Арабија, како и да се зголеми значењето на Џеда како порта кон светиот град Мека.

k09 k10 k11 k12 k13 k14 k15 k16

Сподели на Facebook
пати видено