Доколку некогаш сте се обиделе да решите Рубикова коцка, знаете колку фрустрирачко може да биде нејзиното решавање. Тинејџерот Лукас Етер го држи светскиот рекорд за најбрзо решавање на Рубиковата коцка од страна на човек, при што неговиот резултат изнесува нешто помалку од пет секунди. И ако тоа не е доволно да ги разочара обичните смртници, двајца софтверски инженери сега изградија робот кој може да ја реши Рубиковата коцка за околу 1,2 секунди, со што беше срушен претходниот рекорд за најбрзо решавање од страна на робот, кој изнесуваше 2,4 секунди.
Џеј Флетленд и Џо Роуз го изградиле овој роботски систем кој вклучува комплет камери, компјутер на кој е активирана програмата за решавање накоцката и шест моторизирани раце во 3D печатена рамка кои ги вртат страните на коцката. Камерите првин ја скенираат коцката, ја пренесуваат таа информација во алгоритамот наречен Косиемба, и потоа алгоритамот на моторите на роботот му проследуват серија движења кои брзо ја решаваат коцката. Доколку нивниот робот биде одобрен од страна на претставниците на Гинисовата книга на рекорди, тогаш Флетленд и Роуз ќе станат новите светски рекордери.