За да се биде добра татко не е доволно само да си во брак. 35-годишниот Бен Карпентер од Хадерсфилд, Западен Јоркшир, кој неговите пријатели и семејство го нарекуваат „супер татко“ е вистински доказ за тоа. Кога имал само 21-година Бен сакал да посвои едно дете со инвалидитет и да му го пружи животот кој го заслужува.
Но, 10 години подоцна тој стана татко на пет откако го финализираше усвојувањето на неговиот син Ноа, кој има генетска состојба позната како Корнелија де Ланге синдром. Бен сѐ уште не вели дека ќе престане со посвојувањето.
Со поголем број на инвалидитети неговите деца, 11-годишниот Џек, 8-годишната Руби, 6-годишната Лили, 3-годишниот Џосеф и Ноа, имаат комплексни потреби, од аутизам до Пјер Робенов синдром.
Татко со полно работно време, кој работел во резиденцијално училиште за деца и возрасни со посебни потреби, рече: „Дури и на 21-годишна возраст знаев дека сакам да бидам татко што е можно поскоро – можеби сум бил само млад, но јас секогаш имав стара глава на моите рамења. Бев убеден дека бидејќи сум синг нема да ме сфатат сериозно, но кога го направија тоа без пресреќен.“
Џек има аутизам, Руби има Пјер Робенов синдром и ограничена употреба на рацете поради недостаток на коски, Лили е глува и ЈЏозеф има Даунов синдром.
Реткиот синдром на Ноа и тешките дефекти при раѓање му влијаат врз двете раце и нозе, но г-дин Карпентер вели дека откако станал дел од семејството, сите се чувствуваат како „отсекогаш да бил со нив“.
Што се однесува за врските Бен вели дека не бил во сериозна врска од кога имал 21 година. Тој смета дека не може да одржи една врска бидејќи неговите деца секогаш ќе бидат на прво место и вели дека вака му е подобро.