Во светот постојат многу мостови за коишто се тврди дека се проколнати и опседнати од духови и демони. Вообичаено се поврзуваат со урбани легенди за убиства, несреќни случаи и самоубиства. Мостовите се симболи на преминување, поврзување на две места и надвиснување над амбисот на непознатото. Тоа ги прави совршени домови за проколнатите души, но сите приказни за мостовите кои ги знаеме се вртат околу луѓе како главни протагонисти.

Мостот Овертоун во Шкотска, од друга страна, е место кадешто се случува сосема поинаков вид на опседнатост. Од овој мост самоубиство извршуваат – кучиња.

Мостот Овертоун се наоѓа во близина на Овертоун Хаус – замок во готски стил изграден во 1862 година. Мостот не е ништо особено, освен фактот дека од него, поради сосема необјасниви причини, скокаат кучиња, самоубивајќи се.

ms01

Оваа чудна појава се случува од почетокот на дваесеттиот век. Изграден во 1895 година, мостот опстојува без некакви особени проблеми сѐ дотогаш. Но од педесеттите години, кучиња почнале да се фрлаат од мостот. Ако и ова не ви е доволно морничаво, кучињата кои преживеале и биле донесени пак на местото, повторно се обиделе да скокнат. Што се случило во педесеттите за да се предизвика ова?

ms03

Истражувајќи ги случаите на кучешки самоубиства, луѓето откриле дека кучињата скокале од едната страна на мостот, и само во јасни денови. Исто така, интересно е и тоа што скокале само кучиња со долга муцка, па така се заклучува дека е нешто поврзано со мирисот.

Главната претпоставка е дека областа околуи мостот е населена со ласици, и мирисот на нивната урина ги излудува кучињата. Тестирањата покажале дека мирисот на нивната урина ги доведува кучињата до бес. Сепак, дали инстинктот за лов навистина го надвладува нивниот инстинкт за преживување?

ms02

Теоријата со ласиците е можна, но долгогодишниот жител во областа и искусен ловец Џон Џојс упорно тврди дека „овде нема никакви ласици. Можам да ви го кажам тоа со апсолутна сигурност.“ Затоа многумина мислат дека на тоа место се случува нешто зло. Професорот по религија и философија Пол Овенс се потсетува на неговото искуство:

„Стоев таму, пред две години, кога почувствував како некој прст на себе. Некој или нешто се обидуваше да ме турне од мостот, исто како и кучињата.“

Други раскажуваат за „белата дама од Овертоун“ којашто ја опседнува областа. И некој друг го почувствувал смртоносното привлекување на мостот. Во 1994 година, еден човек го фрлил својот син, верувајќи дека неговото бебе е ѓаволот. Потоа се обидел и самиот да се фрли, но бил спречен. До денес, никој не открил што е тоа во овој мост што прави кучињата да се однесуваат толку вознемирено. Дали се работи за ласици или за натприродни сили, нешто ги загрозува кучињата коишто ќе се најдат на мостот.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено