Федералните власти уапсија маж во Њу Џерси кој измамил 30 жени кои барале романса на интернет страници за запознавање. Тој успеал од нив да заработи милиони, а една од измамените жртви си го одземала животот.
35-годишниот Рубин Сарпонг бил лидер во кругот на меѓународната измама чија цел била да се извлечат што е можно повеќе пари од жртвите. Тој и неговите соработници земале 2,1 милион долари од измамените жени.
„Казанова“ дури побарал од судот да му обезбедат бесплатен адвокат бидејќи нема доволно пари за да си обезбеди сам. Тој за време на измамите имал и свршеница, која најверојатно знаела за целата акција, а исто така има и мала ќерка.
Посоцијалните мрежи овој Казанова се расфрлал со пари, златен накит, луксузни автомобили и делувал дека го живее сонот. Последните три години, Сарпонг заговарал со тројца други мажи од Гана за да измами 30 жени да му пратат пари преку неколку банкарски сметки под лажни претензии, се вели во кривичната пријава.
Агентите на ФБИ рекоа дека групата користела лажни или украдени идентитети и ги контактирала нивните жртви преку веб-страниците за запознавање, претставувајќи се како војници од САД кои се сационирани на разни локации низ светот.
Во мај 2018 година, еден од соучесниците почнал да разговара со жена и се претставил како дипломат. Тој ѝ кажал дека има златни плочки но дека му се потребни пари за да ги однесе во САД. Наивната жена му испратила $93.710 на две сметки во САД. По два дена се самоубила. Ќерката на жената им кажала на полицајците дека нејзината мајка тргнала на аеродром за да се сретне со мистериозниот љубовник кој го носел златото.
ФБИ конечно го пронајде и го уапси Сарпонг во средата. Доколку биде осуден, ќе се соочи со затвор до 20 години.