Марк Хетон од Линколншир, беше снимен како плива во каналот за да му помогне на малото срнче кое не можело да излезе од водата.
27-годишниот херој се возел заедно со својот пријател и колега, молер, Џејми Тајон кога го забележале животното. Марк без размислување се соблекол по долна облека и скокнал во водата.
Тие се плашеле дека животното нема да преживее бидејќи водата била прилично студена и целото се тресело.
Сепак приказната добила среќен крај и срнчето се вратило во шумата, а Марк добил огромни пофалби за своето херојско дело.