Кој е најстрашниот филм кој сте го гледале? Па, италијанскиот хорор хит од 1980 „Холокауст на човекојадците“ е со сигурност пострашен од вашиот избор. Филмот се смета за еден од култните хорор филмови од последните четириесет години, но не минал без контроверзи. Сѐ уште е забранет во многу земји, и поради причините кои допрва ќе ги прочитате, по неговото издавање, режисерот бил уапсен поради убиство.
Заплетот на „Холокауст на човекојадците“ следи екипа за документарен филм која исчезнува во амазонските прашуми додека се обидуваат да најдат вистински човекојадци кои живеат таму.
Филмот започнува со тоа што спасителски тим ги наоѓа кутиите со филмските ленти на изгубената филмска екипа.
Најдените снимки се праќаат во Њујорк, кадешто телевизиска станица сака да ги емитува. Потоа, дознаваме за ужасите коишто екипата ги нанела на домородците, како и ужасите кои домородците им ги нанеле ним.
И сосема очекувано, по издавањето, филмот испровоцирал големи контроверзи. Поради тоа што насилството е толку реалистично и шокантно, по премиерата, италијанската полиција ја конфискувала филмската лента и го уапсила режисерот Руџеро Деодато.
По апсењето, судот го обвинил Деодато за убиство.
Тие верувале дека тој можеби навистина убил некој од актерите за време на снимањето на филмот. За нештата да бидат уште полоши, Деодато ги присилил неговите ѕвезди да потпишат договори да не се појавуваат во ниеден медиум една години по издавањето на филмот. Идејата била впечатокот на филмот да биде што е можно пореалистичен.
На судот, Деодато бил присилен да објасни како тој и неговата екипа постигнале некои од побруталните сцени.Актерите биле принудени да престанат да се кријат и да се појават на суд. На крајот, полицијата ги повлекла обвиненијата., но властите во Италија сепак решиле филмот да биде забранет.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!