Стивен Нелмс и неговата сопруга Глори се три години во брак. Кога се родил нивниот син Езра, двајцата решиле Глори да седи дома и да се грижи за него.

„Со трошоците за детска грижа, нејзиниот приход ќе одеше само на тоа, па така решивме таа да остане дома сѐ додека има потреба за тоа.“ вели Стивен.

За да покаже колку го цени сето тоа што го прави неговата сопруга, Стивен напишал длабок пост на сајтот „We Are Glory“ кој потоа станал вирален на социјалните медиуми. И кога ќе прочитате што напишал, не е тешко да се види зошто.

gl01

„Веќе подолго време си го мислам ова. Си мислам дека не можам да си дозволам мојата сопруга да биде домаќинка и мајка со полно работно време.“

gl02

„Е сега, не мислам да навредам никого со овој пост. Само морам да кажам дека јас лично не можам да си го дозволам тоа. Би сакал да објаснам што точно мислам со тоа за никој да не си помисли дека не ги ценам домаќинките. Токму спротивното од тоа, мислам дека буквално не можам да си дозволам мојата сопруга да седи дома.“

„Жена ми седи дома и се грижи за нашиот син секој ден. Му ги менува пелените, го храни, си игра со него, го сгава да спие и го теши кога е вознемирен. И тоа е само основниот минимум.“

gl03

„Тој добива сѐ од неа. Сета нејзина љубов, сето нејзино време, сета нејзина енергија. Таа е секогаш таму, секогаш во близина и секогаш слуша.“

„Да, мојата жена е мајка на мојот син и сосема е нормално за родител да го сакаш и да се грижиш за сопственото дете, но услугите кои ги пружа можат се измерат и со реална сума на пари.“

gl04

Според лично истражување, еве која е цената според Стивен за сѐ што го прави неговата сопруга:

  • Просечна неделна плата за дадилка со полно работно време: 705 долари или 36.660 долари годишно.
  • Хигиеничарска услуга: 50 до 100 долари за посета еднаш неделно или 5200 долари годишно.
  • Личен набавувач на намирници: 65 долари за час и четири часа неделно, што чини 13.520 долари годишно.
  • Готвач: 240 долари неделно, или 12.480 долари годишно.
  • Финансиски асистент (планирање на буџет, плаќање сметки итн.) 15 долари на час, пет часа неделно, тоа се 3900 долари годишно.
  • Професионална интеракција (бизнис вечери итн.) 75 долари за час, четири часа по вечера, три пати во годината, 900 долари годишно.
  • Перење: 25 долари неделно, или 1300 долари годишно.

„Тоа е годишна плата од 73.960 долари. Гледајќи објективно на речиси навредливиот просечен износ за овие услуги, јас не можам да си ја дозволам својата сопруга.“

gl05

„И да се сетиме на една работа, нема боледување со детската грижа, нема платено отсуство, нема К15. Сите тие стимулации кои некој кој заработува над 70.000 годишно нормално ги ужива не се дел од оваа зделка. Сите работни признанија и заслужни бонуси кои се дел од канцелариската работа исто така не се во игра.“

„Вистината е, се срамам за секој пат кога сум направил таа да се почувствува виновна или кога ѝ се смеев кога таа ќе купеше нешто за себе. Се срамам што таа воопшто некогаш се почувствувала дека нема подеднакво право на нашиот приход како и јас.“

gl06

„Всушност, факт е дека нашиот приход не е ни блиску до тоа да покрие тоа што таа го прави за нашето семејство. Би морал да заработувам над 100.000 долари само за да можам да ги покријам своите животни трошоци и да ја најмам својата жена како домаќинка.“

„Таа ме сака мене, го сака нашиот син, го сака нашето семејство, па очигледно таа го прави сето ова за плата, па дури ни за признание. Но не штети да се знае дека како мајка и домаќинка нејзината заслужена плата е речиси двојно поголема од мојот приход.“

gl07

„Па така, на некој чуден начин ова е начин да искажам колку многу ја ценам својата сопруга како мајка на моето дете и личност која секогаш е крај мене без оглед на што. Ти си многу поскапоцена од рубини. Јас не можам да си дозволам да те имам.“

Симнуваме шапка за тоа што Стивен го согледал и го кажал очигледното.

gl08

Сподели на Facebook
пати видено