Најчесто интересни работи на интернет треба да се платат, без разлика дали е тоа игричка, апликација или пак некое видео. Оние кои ги пратат јутуберите можеби го знаат Логан Пол, кој прави прилично многу глупости и луѓето сакаат да го гледаат, а некои и се спремни да платат за тоа.
Најновата „атракција“ беше реваншот на КСИ и Логан Пол кој го очекувале многу нивни обожаватели. Додека повеќето членови на публиката платиле да ја следат тепачката, се чини дека околу 11.000 луѓе успеале бесплатно да бидат дел од акцијата помеѓу Логан и КСИ. Како? Благодарение на „генијалноста“ на еден човек.
Следењето на настанот било можно преку спортската платформа за стриминг DAZN, но ова значело дека секој кој не е претплатен мора да прати. Сепак еден јутубер најде начин како да најде „дупка“ во правилата на Јутуб за емитување и им го „пушти“ настанот на гледачите преку неговите очила. Односно луѓето можеле да следат што се случува преку рефлексијата во очилата на човекот, а тој наводно прави видео само за „коментирање“ на борбата.
Околу 11.000 успеале да ја искористат ситуацијата и човекот поминал без никакви санкции, но си добил на популарност бидејќи луѓето го споделиле и на Твитер.