Човек по име Ал Биелек тврди дека поминал околу еден месец во 2137 година и цели две години во 2749. Неколку настани кои што Биелек ги објаснил веќе почнале да се случуваат.
Во почетокот на 20тиот век владата на САД имала неколку големи тајни проекти во Монтаук, Лонг Ајленд. Преку овие проекти требало да се развијат напредни психолошки техники на војување, но исто така вклучувале и истражувања поврзани со патување низ времето.
Наводно Ал Биелек бил пријавен за исчезнат во 1943 година. Тој изјавил дека скокнал од палубата на воен брод Елдриџ, на 13 август 1943 година. Ова е истиот датум на кој започнал проектот на САД „Филаделфија.“
Кога стигнал во 2749 Биелек се разбудил во болница. Тој се изненадил кога забележал дека лековите кои ги користи медицината денес повеќе не постојат. Набргу научил дека луѓето во иднината користат светлина и вибрирачки третмани за лечење.
Немало градови изградени од бетон. Градовите на копно биле изградени од чуден материјал, додека други лебделе во воздухот. Кажано му е дека лебдечките градови користеле некој вид на анти-гравитациски погон. Зградите имале по 300-400 ката.
Во светот бројот на жители повеќе не изнесувал милијарди, туку милиони. САД имале само 50 милиони жители а во целиот свет имало 300 милиони луѓе. Ал немал објаснување како се случило тоа.
Биелек дознал дека имало голема војна помеѓу САД и Европа, а подоцна и помеѓу Русија и Кина. Но немало знаци на воени сили во 2749.
Во иднината немало власти. Но иако немало човечки власти, со светот управувал софистициран синтетички компјутерски систем, кој што бил изграден во 26-от век. Немало пари и луѓето користеле некој вид на „кредити“. Половите на Земјате почнале да се изместуваат , па затоа луѓето изградиле вештачка структура која што ќе ги врати назад.
Имало голем развој во генетско инженерство, кое што започнало во 22 и 23 век. Религиите престанале да постојат и човекот станал по супериорно суштество. Луѓето од иднината наводно му кажале дека тие се враќале во минатото, дури и пред нашата ера и оставале најразлични скриени резерви, од нивната литература, наука и предупредувања.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.