Понекогаш најнеобичните приказни ќе ги пронајдете на патот кога најмалку се надевате. Фотографот Стјуард Вилијам се возел надвор од малиот мексикански град Мазунте, Оахака, кога забележал како еден човек турка количка, а пред, зад и околу него има еден куп кучиња.
Иако првин си помислил дека се работи за бездомник, кога одлучил да поразговара со него сфатил дека човекот всушност си има своја агенда.
Ова е приказна за Едгардо Перос. Тој веќе поминал пеш над 14.000 километри низ Мексико спасувајќи повредени и болни кучиња! Во текот на последните шест години, тој спасил скоро 500 кучиња. Неговата понизност и сочувство кон сите суштества го поттикнала фотографот да ја сподели неговата приказна. Едгардо кога ќе наиде на куче на кое му нема спас и не може брзо да го однесе на ветеринар тој легнува со него додека не почине.
„Никој не им помага на кучињата што живеат како бездомници на патиштата. Тука ја видов нивната болка. Она што најмногу ме боли, не се претепаните, напуштените или повредените кучиња. Тоа е личноста што го прави тоа. Мислам дека она што на некој треба во оваа ситуација, без разлика дали е личност или животно, е некое друштво, па дури и малку љубов.“, вели 49-годишниот Едгардо.
Кучињата кои што тој ги наоѓа, ги вакцинира, стерилизира и сака да им најде нов дом. Остануваат само 1.432 км да патува за да ја постигне својата цел. Тој веќе го прави ова 6 години и откако ќе ја псотигне целта планира да продолжи да се занимава со нешто што е поврзано со заштита на животните.