35-годишниот Мики Џоел Парк од Алабама добил казна освен за други обвиненија бил обвинет и за нелегално поседување на диво животно.
Тој дома си чувал верверичка, но имало нешто необично во врска со ова животно. Верверичката била прилично агресивна.
Кога полицијата почнала да го истражува случајот сфатила дека Мики ја хранел верверицата со метамфетамин за да остане „луда“. Тој признал дека нелегално поседувал верверица на која ѝ го дал името Диз Надс (Deez Nuts), но не сакал да признае дека го дрогирал животното.
Полицијата подолго време го пратела Мики за да го уапси, а откако некој пријавил дека во домот го чува дрогираното животно полицијата упаднала и го уапсила, иако тој се обидел да избега. Моментално Мики го чека своето судење, а верверицата била прегледана и пуштена на слобода од страна на ветеринарите.