Кога ќе си помислите на проект кој точно ќе ја отслика вашата вештина, креативност и умешност, слободно можеме да кажеме дека првата мисла нема да ви биде „мијалник“. Па, време е да ги проширите вашите видици. Има многу начини како да ја изразите вашата оригиналност, па така и изработувањето на мијалник е една од нив. Алексеј Стешак, уметник и дизајнер, неодамна со светот го сподели неговото најново создание – прекрасен мијалник. За овој убав, рачно изработен мозаичен мијалник да го види светлото на денот беше потребно време, напор и многу умешност, но конечниот резултат секогаш се исплати.

Сѐ започнува со голема греда од борово дрво.

mj01

Потребна е сериозна работа да се издлаби и измазни дрвото.

mj02

mj03

Но не е потребна само гола сила, туку и внимателна прецизност како еден најважните чинители во процесот.

mj04

mj05

И еве кога мијалникот почна да го добива својот облик. Во оваа фаза дрвениот мијалник се прави отпорен на вода.

mj06

Стешак употребил широк спектар на обоени плочки за да изработи прекрасен мозаик.

mj07

mj08

И еве го завршениот производ – веројатно најјакиот мијалник кој сте го виделе!

mj09

mj10

Сподели на Facebook
пати видено