Земјанките се примитивни живеалишта, еден од најраните видови на човечки домови и засолништа, кои се граделе така што во возвишенија се копала дупка, која потоа се доградувала и зацврстувала со потпорни греди, а обично на средината се градело огниште.
Овој човек има малку поинаков приод. Тој полни вреќи со неоргански материјал (песок, глина, вулкански карпи) кој го наоѓа на лице место и потоа ги реди една врз друга, како што се редат тули. Но сепак се работи за нешто повеќе од куќа направена од прав. Погледнете го видеото и уверете се!