Посветениот сопственик на златна рипка потрошил стотици евра за да ја спаси рипката Меурче откако таа развила тумор на стомакот. Мајкл Даре ја купил златната рипка пред 8 години и ја чувал во езерцето во неговата Клиниката за акупунктура ЗенДен.

Но, пред околу шест месеци, г-дин Даре забележал тумор на желудникот на Меурче и се загрижил кога туморот почнал да се зголемува. Тој одлучил да најде начин да ја спаси Меурче и почнал да бара ветеринар кој работи со риби.

Зачудувачки ветеринарот Ингрид Данлик-Хусман вели дека Меурче не е првата златна рипка што ја третирала и дека оваа пракса станува се почеста. „Станува специјализирана дисциплина во ветеринарната медицина“, вели таа.

Д-р Данлик-Хусман вели дека операцијата за отстранување на површинскиот тумор е прилично рутинска. Таа вели дека анестетикот е најтежок дел од постапката, особено затоа што операцијата треба да се направи под вода.

Операцијата траела околу 10 минути и кога завршила, д-р Данлик-Хусман ја ставила рибата во сад со свежа, кислородна вода. Меурче преживеала без компликации и се вратила во своето езерце.

Мајкл за сѐ потрошил околу 400 евра, но тој вели дека сака да помогне кога иа можност за тоа, исто така верува дека постои одредена поврзаност помеѓу рибите и луѓето и дека тие не се „суштества без мозок“. Сега Меурче е повторно со своите пријатели.

Сподели на Facebook
пати видено