Светот знае стотици приказни за добитници на лотарија кои не ги искористиле паметно парите. Најчесто огромните суми на пари ги уништуваат животите на луѓето.
Кога ќе ги погледнеме во позадина ваквите приказни, приказната за Бон Трунг од Канада, кој 30 години играл лотарија е прилично различна и необична. Еве како тој постапил откако дознал дека станал милионер.
Бон се преселил во Канада од Виетнам пред 30 години. Тој избегал од последиците од војната и неуморно работел со сопругата да купи куќа и да обезбеди пристоен живот за своите деца. И покрај напорната работа, човекот сакал да флертува со среќата: 30 години купувал ливчиња за лотарија, означувајќи ги истите броеви на нив – родендени и други важни датуми во животот на семејството.
Како што се испостави, среќата понекогаш реагира трпеливо: едно утро, по едно извлекување, Бон виде дека има освоено 60 милиони долари. Човекот бил толку шокиран што не поверувал веднаш во својата победа.
„Отидов во продавницата и го замолив продавачот да ги испечати победничките броеви, само за да се уверам дека ова не е сон. Потоа ги земав дома дома и го гледав листот еден ден. Не можев да верувам!“, вели Бон.
И, тогаш приказната за Бон Трунг престанува да биде како вообичаена вест за победа на лотарија. Наместо брзо да ги земе парите и да почне да ги троши, таткото на три мали деца решил да им даде можност на емоциите да се оладат и долго време размислувал за идната судбина на џекпотот. И да, тој не му кажал ништо на своето семејство.
„Јас го напишав моето име и телефонски број на ливчето, ги ставив во сеф и долго размислував за тоа како оваа победа ќе го смени моето семејство. Сакав да се уверам дека сите сме подготвени за овие промени.“, објаснува Бон.
Според правилата на канадската лотарија, победникот може да ја собере добивката во рок од една година по објавувањето на резултатите. Ретко кој одолговлекувал. Но, Бон пристигнал во канцеларијата на Лото Макс 10 месеци подоцна. Цело време, семејството Трунг не знаело за победата. На прашањето како човекот решил да располага со огромно богатство, тој одговорил дека сака да ја затвори хипотеката, да купи нова куќа и да замине на одмор. Но, после истото, тој планира да се врати на работа како дизајнер на пејзажи.
„Јас сум уште млад, сè уште силен. Но, сега, кога добивката ќе ми биде префрлена, ќе посветам многу време на моето семејство, по што ќе продолжам да работам. Штом се реализираат сите планови, веднаш ќе се вратам на работа.“, вели тој.
Децата на Бон сѐ уште не знаат за џекпотот. За новопечениот мултимилионер е важно тие да научат да ја знаат вредноста на парите и чесната работа. „Можеби за 10 или 20 години ќе им кажам.“, вели Бон. Самиот Бон не планира да престане да игра лотарија. А којзнае, можеби среќата уште еднаш ќе му се насмевне откако ќе види како се справува со своите подароци.