Сите уживаат да купуваат облека и обувки кога станува збор за најсреќниот ден од нивниот живот. Сепак Дејвид од Обединетото Кралство купувањето на чевли го смета за кошмар. Тој има најголеми нозе во цела Англија и пронаоѓањето на удобен пар чевли или патики е скоро невоможно.
Освен тоа да се направат чевли во негов број кој доколку би постоел би бил 54 е прилично скапо. Специјално направените чевли за венчавката за него би чинеле над 2.000 евра. Дејвид немал пари за такви чевли и не знаел со што да се појави на свадбата.
Неговата свршеница Ени вели дека Дејвид бил постојано малтретиран на улица од луѓето кои го нарекувале „кловн“, „банана чамци“ и слично. Дејвид дури се плашел дека и Ени ќе го остави поради големите нозе. Таа сепак решила да интервенира и го пријавила Дејвид за шоуто на The Jeremy Kyle Show.
Мајката на Дејвид починала во мај минатата година и на смртна постела тој ѝ ветил дека ќе се ожени со Ени, но поради проблемот со чевлите уште не стигнал да го исполни своето ветување. За среќа Џереми му подарил чевли направени специјално за него, во кои тој ќе може да каже да пред олтарот.