Човекот кој ја основал една од најголемите клиники за лечење од хомосексуалност во САД призна дека е хомосексуалец.
51-годишниот Мекреј Гејм, кој е сопруг и татко на две деца, ја предводеше групата за конверзија на хомосексуалци врз основа на вера, наречена „Надеж за целосност“ во Јужна Каролина, скоро две децении, каде веруваше дека „геј заедницата и светот лажат за хомосексуалноста“.
Тој тврдел дека хомосексуалноста е голема и грда лага, која уништува нови генерации на луѓе но очигледно тој самиот не си ја примил терапијата.
Терапијата за конверзија е широко дискредитирана и злоупотребена, наменета за сузбивање или промена на сексуалноста на една личност преку советување или религија и во моментов е забранета во 18 држави низ САД. Гејм сѐ уште е во брак со својата сопруга, која знае дека тој е хомосексуалец.
Тој вели дека му е жал затоа што поради неговото дволично проповедање многу луѓе се обиделе да си го одземат животот. Сепак клиниката „Надеж за целосност“ ќе продолжи да постои иако Гејм повеќе не е дел од неа.