Стив Хидс познат под прекарот „Гери Гетвик“, мечката која е маскотата на аеродромот во Сасекс веќе 15 години активно ги бара своите родители. Неговата мајка го оставила во тоалетот на аеродромот Гетвик на 10 април 1986 година, кога Стив бил стар само 10 дена.
33-годишниот човек со помош на ДНК примероци и генолозите успеал да се запознае со семејствата од двете страни, но сепак неговата желба не била потполно исполнета.
Иако неговиот татко е жив и тој веќе се сретнал со него и своите браќа и сестри, за жал неговата мајка починала. Татко му, му кажал дека тој воопшто не знаел дека Стив постои. Сепак Стив се запознал со браќата и сестрите од страната на неговата мајка.
Родителите на Стив се бараат уште кога тој бил дете, и неколку години по ред се објавувале статии во весниците, но залудно. Тој вели дека сакал да дознае кои му се родителите и од каде потекнува, за да може ова да им го пренесе на своите две деца.