Компирот се одгледува во повеќе од 100 земји ширум светот, а земјите во кои најмногу се одгледува се Кина, САД, Индија, Русија и Украина. И покрај тоа што е толку популарени, не се верува дека компирот е многу здрав и дури се смета за опасен за нашето тело. Но, можеби ова е само стереотип создаден од чипсот, помфритот и брзата храна.

Кората на компирот е богата со калиум кој го одржува вашето срце. Освен овој микроелемент, компирот содржи малку фосфор, магнезиум, калциум, натриум, железо и цинк. Компирите, исто така, содржат многу витамин Ц (околу 45% од дневната норма во едно парче). Но, повеќето од нив се уништуваат кога се загрева, па затоа е корисно да се јаде варен, неизлупен компир. Исто така, компирот содржи влакна што се одлични за здравјето на цревата.

Но, што ќе се случи доколку јадете само компири, секој ден?

Ендру Тејлор од Мелбурн одлучил сам да го најде одговорот на ова прашање. Австралиецот почнал така што отишол во продавница и си купил 13 килограми компири. Според него, тој ги добивал 99% од сите негови калории од компирите. А а во останатиот 1% биле зачини, билки, сосови и нискокалорични работи како лук, соја млеко и така натаму.

Ендру сакал да се справи со прекумерената тежина и со зависноста од храна. Тој истражувал многу за компирот пред да почне со оваа исхрана и се консултирал со нутриционист. Тој му кажал веднаш да престане доколку не се чувствува добро.

Тој поминувал низ редовни медицински прегледи и често ја испитувал неговата крв. Неговите нивоа на холестерол и шеќер се намалиле, а неговиот крвен притисок и другите индикатори за здравјето биле во ред. Тој исто така спортувал и се чувствувал одлично, а по 9 месеци успеал да изгуби 50 килограми.

Ендру решил да се предизвика и да ја продолжи диетата на една година. На крајот изгубил 53 килограми. Тој напишал две книги и се појавил во неколку телевизиски емисии.

И покрај неговиот личен успех, научниците не биле многу оптимисти за неговата исхрана. Ако сте на исхрана на компир, вашата исхрана станува многу ограничена. Вашето тело не добива витамини А, Е и К или калциум и селен. Исто така, компирот има многу малку протеини и масни киселини. Протеинот е неопходен за имунолошкиот систем, и тие помагаат да се регулира телесната тежина и да се зголеми тежината на мускулите.

Сподели на Facebook
пати видено