Дваесет и седумгодишната Кендра Трент неодамна сподели прекрана фотографија со нејзиниот брат триесет и двегодишен Џордан Трент, кој живее во Џорџтаун, Тексас, на која се гледа како држи едноок австралиски овчар кој никој друг не го сакал. Џордан пошол заедно со неговите деца да купи куче. Кога децата го виделе кучето, му кажале: „Тоа е слепо на едното око исто како и ти, тато. Мора да го земеме!“. „Никој не го сакаше, што беше совршено“, вели Џордан. Го купиле и му дале име Шајнер Соло.
Џордан го изгубил видот на своето едно око работејќи градинарска работа пред петнаесет години. „Тој во врска со тоа зазеде навистина позитивен став.“, вели Кендра. „На сите во училиштето им велеше дека ќе земе око од крава како трансплантант. Постојано се шегуваше за тоа, и на никого не му беше незгодно поради него.“