Во ова време на студови на секого му е потребно малку повеќе топлина. Студот се пробива низ повеќеслојната облека, и сѐ што сакаме е да најдеме место да седнеме и да се стоплиме.
Да се седи пред домашното огниште слушајќи го пукотењето на огнот откако сте биле цел ден надвор на студот е одличен начин да се стопли и одмори. Овој човек немал такво дома, но решил да не се задоволува со ништо помалку. Откакок открил дека во еден од неговите ѕидови има стар оџак, решил да си направи место за печка за студените месеци кои следуваат.
Еве го аголот кадешто е оџакот. Изгледа сосема вообичаен, но на крајот ќе се претвори во вистинско прибежиште од студот.
Најпрвин го соголи ѕидот и ја замени изолацијата.
Гипс-картонот го замени со цементни табли, за да се осигура дека местото е колку што е можно повеќе отпорно на оган.
Потоа дојде времето да се изгради камениот ѕид околу печката.
Почна да ги поставува камењата, откако внимателно ги наредил и го испланирал на секој од нив.
Веќе се гледа дека внимателното планирање секогаш се исплаќа.
По изградбата на ѕидот и основата, употребил потемен малтер за да им даде дефиниција на камењата.
Резултатот е навистина отмен.
И еве ја печката поставена на своето место. Плус тоа, оставил и повеќе место од левата страна за чување дрва.
Сега местото просто зрачи со удобност.