Со децении се зборува за тоа дека возилата би можеле да се движат на вода, и сега најпосле имаме можност да видиме такво возило во дејствие.

Моторот T Power H20 бил развиен во Сао Паоло, Бразил, од страна на Рикардо Азеведо. Тој може да помине до 500 километри со само литар вода како гориво, при што за тоа не е потребен некаков особен вид на вода. Азеведо дури покажал како неговиот мотор работи со загадена вода од блиската река.

motor-na-voda

Моторциклот функционира со комбинација на батерија со систем за согорување на водата, со помош на што се произведува неопходниот електрицитет за негово движење. Во видео клипот во кој го демонстрира својот пронајдок, Азеведо употребува чиста вода за неговиот мотор и потоа пие од неа пред камерата, за да докаже дека не се работи за фосилно гориво.

„Предноста на овој моторцикл кој работи на водородот од водата, е што резултатот на процесот излегува во вид на водена пареа, за разлика од бензинот од кој се испушта јаглерод моноксид“, вели Азеведо.

Пронајдокот на Азеведо во целост би можел да ја измени транспортната индустрија, но тој би требало да биде внимателен, бидејќи пронаоѓачите како него во минатото често биле дискредитирани, понижувани, па дури и убивани. Најдобриот начин да се зачува безбедноста на Азеведо и неговиот пронајдок е да се рашири гласот за него и на тој начин на луѓето со спротивни интереси да им биде потешко да го скријат под тепих.

Сподели на Facebook
пати видено