Јавниот траснпорт може да биде вистински катализатор на нетрпеливоста и социјалната напнатост. Патниците мора да се возат во автобуси и метроа полни со бацили, непознати луѓе, по секаква жештина и студ, и згора на тоа често да се грижат дали ќе стигнат на време на посакуваното одредиште.
А тука се и некои патници кои знаат да ги направат нештата и премногу интересни за сечиј вкус. Понекогаш тоа е некаква гласна група на луѓе. А еден човек се решил да нападне жена која мирно си седи на седиштето. Патникот кој случајно се најде во близина изнајде најдобар можен начин да му одржи една добра лекција за пристојно однесување.