Оние кои често летаат можат да забележат дека авионите ги привлекуваат најчудните луѓе. Се чини дека нискиот притисок горе на небото некако е во корелација со намалена пристојност. Почнувајќи од оние кои ги ставаат смрдливите нозе на седиштето пред нив, оние кои не ги прекоруваат непослушните деца, а и да не ги забправиме оние кои влегуваат и излегуваат од авионот како да нема други патници освен нив.
Конечно, време е за нешто ново. Мајкл Џејмс Шнајдер е уметник кој има прилично добра смисла за хумор. Тој ги исмејува ваквите патници и прави фотосесии во авионите на оваа тема. Не знаеме што е посмешно дали самите фотографии или фактот дека ја рефлектираат реалноста. Погледнете ги и разубавете си го денот!